ДЕ НИ Мебел денес е препознатлив бренд во Р. Македонија. Основана во 1993 година до денешен ден се трудиме да бидеме уникатни и квалитетни. Тоа е нашиот мотив да бидеме присутни низ цела Македонија и полека да не препознаваат и надвор од нашите граници. За нејзините потреби работат две фабрики односно 93 ДЕ НИ Компани за тапациран мебел која се наоѓа во Прилеп со површина од 9500м2 и СТОЛИЧАРА ДЕ НИ за производство на дрвени столици и маси лоцирана во Македонски Брод на површина 7500м2. Поголемиот дел од производството е наменето за Б2Б партнери односно хотели, ресторани, кафе барови, клубови итн. Производите се со проверен квалитет, кои ги задоволуваат и највисоките стандарди. Големиот подем и успех на нашата компанија е потврда за високиот квалитет на нашите производи
Супер компанија, имам купувано и порано од кај Вас и секогаш сум задоволна од Вашите производи.
Премногу задоволен се од правење на порачката па до добивање на масата и столиците, супер цена, супер квалитет,преудобни! Фала многу
Одличен персонал,испорака на време сосема пријатно искуство.
Мебелот е прекрасен,квалитетен и удобен, сигурно ќе Ве препорачаме и повторно би порачале од кај Вас.